Старателството над синот и беше вратено на Северина, пејачката со трогателна објава и одбележа важен ден

popara20 февруари, 20244min00
Северина

Неполн месец по веста дека пејачката Северина Вучковиќ остана без старателство над 12-годишниот син Александар, кој го доби од врската со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, во целиот случај следуваше нов пресврт. Имено, со одлука на Сплитскиот Жупаниски суд, момчето и е вратено на мајка си, односно сега Северина и Милан повторно го делат старателството. Како што информираат од Slobodna Dalmacija , на седницата одржана на 6 февруари годинава, сплитскиот суд ја повторил претходната конечна одлука според која таткото и мајката на 12-годишното момче се обврзани „договорно да ја вршат родителската грижа, заеднички и подеднакво“.

Северина се уште не го коментирала новиот пресврт, но затоа преку социјалните мрежи му го честитала роденденот на синот, но и на долгогодишниот менаџер Томица Петровиќ. „Пред 12 години падна снег во Сплит… Мојата Томица ме остави од породилиште да го прослави роденденот кај Граша. Заспав околу 20:00 часот и реков – „Не ме буди“. Во 9: 17 часот ме разбуди докторот и ми рече – Северина, време е, да одиме во породилна сала. Во паника го зедов мобилниот да се јавам на мајка ми. На мобилниот имаше порака од Томица. „Ајде душо, хуп, хоп, јас и Александар да славиме заедно. Во 23 часот и 5 минути се роди најубавиот ангел на светот, а јас станав најсреќната жена на светот. Среќен роденден сине…и на тебе Хани“, напиша пејачката во објавата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Инаку, спорот меѓу Северина и таткото на Александар, претприемачот Милан Поповиќ, поврзан со старателството трае повеќе од десет години, а одлуката на Жупанискиот суд во Сплит е поништена со пресудата на Врховниот суд од 16 јануари,кој според медиумите, ја прифатил обвинителската ревизија поради прекршување на Законот за парнична постапка од 2021 година, според кој и двајцата родители заеднички го делеле старателството над својот син. Северина тогаш изјави дека ќе се бори за своето дете до последната капка крв, а многу познати личности и дадоа поддршка.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma