Тајни знаци кои укажуваат на тоа дека партнерот сѐ уште размислува за поранешната љубов

31 март, 20240
Screenshot_5

Да се биде заљубен во некој што сé уште го нема оставено минатото зад себе е една од најтешките работи во серозната врска. Понекогаш луѓето влегуваат во нови врски пред да го „излечат скршеното срце”, со што си создаваат дополнителни компликации.

 

 

 

 

Меѓутоа, постојат знаци кои можат да ви откријат дека на вашиот партнер му недостасува поранешната девојка.

 

Фотографии и подароци

Ако вашиот партнер сé уште ги чува фотографиите на поранешните девојки на својот телефон, или подароци што ги смета за вредни, ова може да предизвика сомнеж. Во тој случај, треба да направите искрен разговор за тоа и да ја разјасните ситуацијата.

 

Споредби

Доколку некој често го спомнува името на бившата девојка, често зборува за одредени моменти од минатото, ги споредува навиките, личноста, стилот на облекување и други работи кои ги претставувала неговата бивша постои причина за загриженост. Ова може да се случи повремено за време на одредени разговори, но ако тоа стане дел од рутина треба да обрнете внимание.

 

Излегување на исти места

Ако вашиот партнер сака да ве однесе на место каде што претходно често одел со поранешната девојка, тоа покажува дека се обидува да го следи стариот ритам на живот или дека сака да ги оживее старите спомени.

 

Пријателство со бившата

Нормално е да останете во добри односи со поранешните партнери кога повеќе немате чувства за нив. Но доколку некој инсистира да остане во близок контакт со бившиот партнер тоа може да биде индикација дека сакаат нешто повеќе од пријателство.

 

Семејството на поранешната девојка

Нема ништо погрешно да се биде љубезен кон членовите на семејството на поранешниот партнер, но по раскинувањето на врската не е сосема нормално да се продолжи да се биде дел од семејните собири.

 

Ова покажува дека вашиот партнер е сé уште поврзан со нејзиното семејство или се обидува да биде активно вклучен во нивниот живот поради некоја причина.

 

Социјални мрежи и круг на пријатели

Ако вашиот партнер премногу често непотребно ги коментира постовите на поранешна девојка на социјалните мрежи, доколку се обидува да остане во контакт со нејзините пријатели или се обидува да дознае што се случува во нејзиниот љубовен живот, тогаш сé ви е јасно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi