Последната објава на Николиќ направи бура на мрежите.
Пејачката Ана Николиќ не се појавува толку често во јавноста, но е повеќе од активна на својот Инстаграм профил.Таа сподели фотографијата и се пофали со својата витка линија.
Имено, Ана позираше во костим за капење, потпрена на оградата од тераса, додека во преден план беа долгите извајани нозе, како и рамен стомак.
Пејачката еден период од животот водеше битка со вишокот килограми, а судејќи по нејзината најнова објава на Инстаграм, таа успеа да ја усоврши својата линија.Да потсетиме, Ана неодамна призна дека е во врска со композиторот, Горан Ратковиќ Ралет, со кој започнала заеднички живот.