Во медиумите се појавија информации за бракот на Сандра и Милан, кои ги изненадија сите.
Како што прво напиша Informer, водителот и актер Милан Калиниќ се разведува од сопругата Сандра Калиниќ со која беше во брак 18 години.
Сандра и Милан брзо се договориле за спогодбен развод и поделба на брачниот имот, за се да помине што побрзо и побезболно, пред се за нивните две деца. Калиниќ прифатил станот во кој живееле заедно со години во Вождовац да биде на Сандра и нивните деца и се преселил на друга адреса.Сега во медиумите се појавија информации дека Сандра наводно била во тајна врска со познат белградски угостител. Извесен човек до пред неколку години наводно бил главен менаџер во клубови и ресторани, а кога напредувал станал сопственик на ланец на престижни ресторани.
– Низ градот се шушка дека Сандра била во шема со тој угостител. Многупати била видена како седи во негово друштво во ресторанот. Тие што го познаваат Милан го информираа за тоа и тоа беше последната капка. Тој не е светец, толку се знае, но не можеше да се снајде со фактот дека можеби ќе го замени човек кој во градот е познат како голем заводник. Но, тој имаше проблем и со законот, јавно беше уапсен и целата приказна му пречеше на Милан – истакнал изворот за „Kurir“.