4 природни решенија против мрсна коса

19 март, 20240
Screenshot_2

Мрсната кожа на главата односно претераното лачење на себум во жлездите е главен виновник за мрсна коса, иако за ова придонесуваат и нечистотиите и прашината кои се лепат за косата кога сме надвор, но постојат природни решенија кои можат да ви помогнат.

 

 

 

 

Црн чај

Црниот чај содржи танинска киселина која спречува таложење на вишокот масти на скалпот, така што ги стеснува порите. Во вода ставете една до две лажички црн чај и пуштете го да проврие. Извадете го растението и оставете го чајот да се олади на собна температура, а потоа налијте го на косата и на кожата од главата.

 

Оставете го да делува пет минути и исплакнете ја косата.

 

Лимон или јаболков оцет

 

Исцедете лимон во вода. Доколку се одлучите за јаболков оцет, ставете две до три лажици во вода. Откако ќе ја измиете косата вообичаено, измијте ја со лимонот или јаболковиот оцет и оставете да делува неколку минути, па измијте ја со вода.

 

Јогурт

 

Пробиотиците во јогуртот помагаат во негувањето на косата и одржувањето на природната pH вредност на кожата на главата. Киселините во јогуртот помагаат во намалувањето на присуството на габичките и бактериите на кожата на главата.

 

Пред миење на косата, нанесете јогурт на косата и втријте го во кожата на главата. Оставете го да делува неколку минути и измијте ја косата.

 

Јајца

 

Откако ќе ги втриете во косата и кожата на главата, оставете да делуваат и измијте ја косата со шампон, кој ќе го отстрани мирисот на јајцата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi