Доколку ги забележите овие однесувања кај вас и мажот, знајте дека сте заглавени во ТОКСИЧНА ВРСКА

26 март, 20240
676 (92)

Ако сте забележале одредени шеми на однесување во врската кои често прават да се чувствувате лошо, заробени, како да нема решение или дека другата страна не сака да се согласи на компромис, а во исто време сите активности се многу тешки и како да имате впечаток дека нешто форсирате, земете го сето ова во предвид и запрашајте се дали врската навистина вреди за вашиот труд.

Кога се заљубуваме, често не ја гледаме реалноста. Ова е логично, бидејќи во тие моменти почнуваме да ги гледаме работите низ розови очила. Ова, се разбира, не значи дека се е во ред. Постојат знаци кои ќе покажат дека нешто не е во ред, и треба да обрнете внимание на нив, пред целосно да ви се скрши срцето.

Не го чекате неговиот повик

Името на личноста со која сте во врска на екранот на вашиот мобилен телефон треба да ви донесе насмевка на лицето. Ако сè почесто се намуртете кога ви се јавува, тоа значи дека нешто не е во ред.

Секогаш ги ставате неговите потреби пред вашите

Во нормална врска, односот треба да биде 50:50. Ако секогаш размислувате што би сакал и се ставате себеси на второ место, а тој тоа мирно го прифаќа, не сте во врска која е добра за вас.

Сите негови ветувања брзо испаруваат

Ако постојано ветува работи кои никогаш не се случуваат, тоа е знак дека само се обидува да ве изманипулира со своите ветувања.

Постојано наоѓате изговори за неговото однесување

За некои работи навистина има оправдување, но со некои треба да се повлече линија. Ако барате оправдување за секое негово однесување и често се обвинувате себеси, не сте во здрава врска бидејќи тоа не е нормално.

Вашата самодоверба е постојано во опаѓање

Добрата врска нè прави полни со самодоверба, а ако вашата постојано опаѓа, можно е тоа да е затоа што прифаќате работи што не треба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi