ИЗБРАН ПОБЕДНИКОТ НА ПЗЕ 2025: Принцот од Врање ќе ја претставува Србија на Евровизија во Базел

popara1 март, 20251min00
Screenshot_20

Синоќешното српско финале на „Песна за Евровизија ‘25“ беше исполнето со драма и изненадувања. Иако обложувалниците ја гледаа Мими Мерцедез како сигурен победник, публиката и жирито донесоа сосема поинаква одлука – победник е Принц со неговата нежна балада „Мила“!

 

 

 

Кога беше соопштен резултатот, Принц беше видливо потресен и не можеше да ги задржи солзите.

 

„Искрено, мислев дека ова е невозможно. Благодарам на сите што ми помогнаа на овој пат. Како ја доживувам победата? Како врв на кариерата“, изјави тој.

 

Меѓу натпреварувачите се истакнаа и Там, кои, иако беа блиску до победата, останаа без трофеј. Но, најголемото изненадување беа драг кралиците „Харем грлс“, кои ја шокираа публиката со провокативен настап и добија поддршка од самата Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша!

 

Музичката вечер беше зачинета со спектакуларен настап на Констракта, која ја испеа својата хит-песна „Ин корпоре сано“, потсетувајќи не дека пред само неколку години ја освои Европа со нејзината уникатност.