Се мажи Јелена Розга? Судбоносното „да“ ќе го изговори на 10 години помладиот син на Тончи Хуљиќ, а еве каква свадба планираат

popara4 февруари, 20254min00
Јелена Розга

Неодамна во јавноста како бомба одекна веста дека Јелена Розга има ново момче, а како што пишуваат медиумите тоа не е никој друг туку синот на долгогодишниот соработник и пријател на пејачката Тончи Хуљиќ, Иван.

Иван е 10 години помлад од Јелена, а љубовта меѓу нив се роди неодамна,при што пејачката ја потврди веста во изјава меѓу редови.

– Повеќе не сум соло играч. Гледам во најубавите сини очи. Сè е многу полесно ако се земе предвид дека ја работиме истата работа. Најмногу ми се допаѓа се кај него. Мама и тато го сакаат, стариот Розга, исто така. Сличен е на Јелена Розга, неоптоварен, нормален, добар дечко – изјави таа за магазинот „In“ пред речиси половина година, опишувајќи го својот нов партнер.

Според последните информации кои ги пренесоа медиумите, Јелена и Иван ја подигнале врската на сосема ново ниво и планираат свадба!

Тие двајца наводно планираат две свадби: едната во Сплит, оваа есен, на која ќе присуствуваат околу 500 гости. Втората церемонија може да се одржи на егзотична дестинација, како Малдиви или Бали.

– Свадбените ѕвона се повеќе бијат за Јелена и Иван. Толку долго го чекаше вистинскиот маж и тој е тука. Останува само да објават официјално кога ќе се венчаат и да ги поканат пријателите и семејството да бидат сведоци на нивната љубов во најубавиот момент, а тоа е свадбената церемонија. Се зборуваше дека тоа ќе биде на лето, но има шанси да биде и наесен – открил добро информиран извор, а пренесува  Blic..

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Huljic (@hulja17)

Како што е соопштено, нивната романса започнала преку соработка – Иван и Јелена работеле заедно на создавањето на нејзината песна „Od čega sam ja”, а останатото е историја.

Розга неодамна одржа серија фантастични концерти во српската престолнина, а младиот Хуљиќ беше нејзин најголем поддржувач.