Колач од бисквити и чоколадо

popara16 ноември, 20111min00
kolac

Потребни состојки:

400 гр. шеќер

250 гр. маргарин

250 гр. мелени бисквити

100 гр. кокосово брашно

1 дл. рум

1 лажица екстракт од ананас

За глазура:

80 гр. маргарин

4 реда чоколадо за готвење

Припрема:

Во тенџере на оган ставете еден литар вода и шеќерот и оставете шеќерот да се растопи, со што ќе добиете смеса како сируп. Додајте 250 гр. маргарин и мешајте се додека маргаринот не се растопи. Потоа додајте ги мелените бисквити, кокосовото брашно, румот и екрстрактот од ананас.

Добро изматете ја смесата се додека не стане хомогена. Потоа во чинија за сервирање обликувајте ја тортата во посакуваната форма и оставете ја во фрижидер да се излади.

За глазура изматете го маргаринот со миксер, па додајте ја чоколадата која претходно сте ја стопиле на пареа. Матете се додека не добиете хомогена смеса, па потоа со глазурата прелијте го колачот. Добар апетит.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag