Потребни состојки:
8 тврдо варени јајца
500 гр. лиснато тесто
8 ленти кашкавал
1 лажичка мелена црвена пиперка
1 лажичка копар
8 ленти пилешка шунка.
Припрема:
Од лиснатото тесто развлечете 8 кори во форма на коцка. Во средина на секоја кора ставете лента кашкавал, па лента шунка и наросете мелена црвена пиперка и ситно сецкан копар по желба.
Врз шунката додадете по едно јајце, па преклопете со два спротивни краеви на кората.
Со путер намачкајте тава за печење. Во тавата додадете ги ролните и печете во загреана рерна на температура од 180 степени целзиусови околу 20тина минути.
Ролните со јајца послужете ги како закуска или предјадење. Добар апетит.