Потребни состојки:
1 кг. Костени
40 гр. шеќер во прав
4 лажици шеќер во прав
50 гр. шеќер
100 гр. сецкани бадеми
½ кесичка ванилин шеќер
½ дл. рум
шлаг
Припрема:
Измијте ги костените и ставете ги во тенџере на оган со вода да се сварат, околу половина час. Веднаш откако ќе се сварат излупете ги.
Сомелете ги костените во машина за мелење, па додајте го шеќерот и промешајте. Потоа додајте го румот и 40 гр. шеќер во прав и повторно промешајте. Смесата повторно сомелете ја во машината за мелење. Додајте ги сецканите бадеми и ванилиниот шеќер и повторно промешајте.
Изматете го шлагот со 4 лажици шеќер во прав. Од пирето со костени ставете две лажици во чаша за сервирање сладолед. Врз пирето нанесете шлаг и декорирајте по желба. Добар апетит!