Јаболки полнети со ореви

popara22 ноември, 20111min00
Baked_Apples_with_Caramel_Sauce_004

Потребни состојки:

4 јаболки

1 лажица шеќер

1 лажица брашно

100 гр. сецкани ореви

Неколку зрна суво грозје

½ литар кисела вода

½ лимон

2 белки од јајце

Припрема:

Со нож отстранете ги семките од јаболките без да ги сечете и малку издлабете ги. Во посебен сад на оган ставете ја киселата вода и сок од половина лимон. Додадете ги јаболката и оставете да вријат неколку минути, па оставете ги да се изладат без да ги отстраните од водата.

Изматете шлаг од белки, шеќер и брашно. Наполнете ги изладените јаболки со шлагот во кој претходно сте ставиле ситно сецкани ореви. Ставете ги јаболката во рерна да се печат 15тина минути на температура од 180 степени.

Испечените јаболка ставете ги на чинија за сервирање. Украсете ги со суво грозје и наросете цимет. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag