Потребни состојки:
3 зелени јаболки
3 црвени јаболки
2 корена од целер
200 мл. мајонез
100 гр. ореви
2 лимони
2 лажици копар
2 децилитри павлака
1 лажица тартар сос со лук
Сол и црн пипер
Припрема:
Измијте ги јаболките и исецкајте ги на тенки кришки, па отстранете ги дршките и семките. Излупете го коренот од целер и исто така исецкајте го на тенки кришки.
Во посебен сад ставете ги јаболката и целерот и прелијте ги со сок од еден лимон. Во друг сад исцедете го вториот лимон, додајте половина лажичка сол,, мајонезот, ситно сецканиот копар, павлаката и тартар сосот. Измешајте го сосот се додека не се хомогенизира.
Во чинија за салата ставете ги јаболките и велерот и прелијте ги со претходно подготвениот сос. Врз салатата наросете ситно сецкани ореви и сол и црн пипер по желба. Добар апетит!