Потребни состојки:
500 гр. тенки кори
За фил:
200 гр. мелени бадеми
200 гр. мелени ореви
100 гр. суво грозје
2 ќесички ванилин шеќер
150 мл. масло за јадење
За шербет:
500 гр. шеќер
2 лажици мед
1 лимон
300 мл. вода
Припрема:
Во посебен сад измешајте ги бадемите, сувото грозје, оревите и ванилиниот шеќер. Намрсете тава за печење со масло, па додајте две кори, па малку од смесата со бадеми и ореви. Потоа додадете уште две кори, па повторно додадете од смесата. Постапката повторувајте ја се додека не ги потрошите корите. Потоа баклавата исечете ја со остар нож на триаголници и ставете ја да се пече во загреана рерна на температура од 180 степени целзиусови околу 30тина минути, односно се додека корите не заруменат.
Во меѓувреме подгответе го шербетот. Во тенџере на оган ставете го шеќерот, водата и медот, како и лимонот исечен на кругови. Кога смесата со шербетот ќе се згусне, тргнете ја од оган.
Извадете ја испечената баклава од рерна и додека е топла прелијте ја со подготвениот шербет. Оставете баклавата да го упие шербетот најмалку 2 часа пред да ја послужите. Добар апетит!
.