Потребни состојки:
Кора од два портокали
5 лажици шеќер (за кората)
10 јајца
10 лажици шеќер
250 гр. мелени ореви
100 гр. суво грозје
60 гр. мелени бисквити
За сируп:
350 гр. шеќер
5 лажици рум
За глазура:
6 лажици шеќер
4 редови чоколадо
50 гр. маргарин
Припрема:
Ситно исецкајте ја кората од портокалите и зовријте ја во девет води за да омекне. Потоа додајте 5 лажици шеќер и промешајте, па варете ја кората од портокал со шеќерот се додека смесата не се згусне.
Во посебен сад изматете 10 белки со 10 лажици шеќер, па додајте ги 10те жолчки и повторно изматете со миксер. Во смесата додајте ги мелените ореви, сувото грозје и мелените бисквити, па на крај зашеќерената кора од портокал. Измешајте го тестото и сипајте го во намачкана тава или сад за правење торти и печете на умерена температура околу 40тина минути.
Во тенџере на оган сипете вода и додајте 350 гр. шеќер и румот и оставете сирупот да се згусне. Со сирупот прелијте ја испечената торта. Кога тортата ќе го упие сирупот прелијте ја со глазура која претходно сте ја подготвиле со путер, чоколадо и 6 лажици шеќер растопени на пареа. Добар апетит!