Компири во бешамел сос

popara30 ноември, 20111min00
kompir

Потребни состојки

1 кг. Компири

50 гр. путер

6 ленти сланина

1 лажица брашно

3 дл. бистра супа

100 мл. павлака

1 китка магдонос

1 лажица копар

Сол и црн пипер

Припрема:

Излупете ги компирите и сварете ги во солена вода, па изцедете ги, почекајте да се изладат и исечете ги на коцки. Во тава на оган загрејте го путерот, испржете ја сланината, па извадете ја од тавата.

Во преостанатата маснотија сипете лажица брашно и постојано мешајте за да не загори. Додајте 3 дл. супа и мешајте се додека смесата не се згусне. Тргнете ја тавата од оган, додајте ситно сецкан магдонос и копар, сол и црн пипер, и промешајте, па додајте ја павлаката и повторно промешајте се додека смесата не се соедини.

Вратете го тавчето на шпорет и гответе на многу тивок оган без смесата да зоврие. По 10тина минути додајте ја ситно сецканата сланина и компирите и гответе со постојано мешање уште 5 минути. Послужете додека е топло. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag