Гулаш со срнечко и макарони

popara1 декември, 20111min00
gulas

Потребни состојки:

1 кг. Срнечко месо

1 кг. Кромид

1 црвена пипера

1 домат

2 лажици лутеница

1 лажица босилек

1 пакување макарони

2 лажички вегета

Сол и црн пипер

Припрема:

Исецкајте го срнечкото месо на коцки и ставете го во посебен сад. Во друг сад промешајте 100 мл. масло за јадење со вегетата и босилекот и со оваа смеса прелијте го срнечкото месо и промешајте. Оставете го месото на отстои цела ноќ во фрижидер.

Исецкајте го кромидот и ставете го во тава на оган со загреано масло. Откако ќе се пропржи, додадете вода и донстајте 10тина минути. Потоа додадете го срнечкото месо и динстајте еден час, а повремено додавајте вода и промешувајте.

Во меѓувреме сварете ги макароните во солена вода, па процедете ги и тргнете ги настрана.

По еден час додајте ја црвената пиперка и доматот кои сте ги исецкале на коцки и промешајте и оставете смесата малку да се запржи. Додајте ја лутеницата, промешајте и додадете вода по потреба. Гответе уште 20тина минути.

Во чинија за сервирање ставете ги макароните, а одозгора со лажица додадете од гулашот со срнечко месо. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *