Потребни состојки:
10 палачини
2 јајца
100 гр. презла
100 гр. пилешка шунка
10 ленти ачкавал
180 мл. кисела павлака
Сок од 1 лимон
1 лажица ситно сецкан магданос
100 гр. мајонез
Масло за јадење
Сол и црн пипер
Припрема:
Врз секоја палачинка ставете ситно сецкана шунка и една лента кашкавал и замотајте ја палачинката, а краевите свиткајте ги навнатре.
Во посебна чинија разматете ги јајцата, а во друга чинија ставете ја презлата. Палачинките најпрво потопете ги во јајцата, а потоа во презлата, па пржете ги во тавче со загреано масло се додека не добијат златно жолта боја.
Изматете ја павлаката со мајонезот, ситно сецканиот магдонос и сокот од лимон, па наросете сол и црн пипер и промешајте. Сосот ставете го во мал длабок сад, кој ќе го ставите во средина на чинијата за сервирање, а околу ќе ги наредите похованите палачинки. Добар апетит!