Чорба од тиква и компири

popara3 декември, 20111min00
corba

Потребни состојки

300 гр. тиква

1 поголемо парче тиква

300 гр. компири

1 кисела павлака

Сол

Магдонос

Припрема:

Изчистете ги семките од тиквата и отстранете ја кората, па 300 гр. тиква исецкајте ја на ситни коцки. Излупете ги компирите и нив исецкајте ги на коцки. Ставете го компирот и тиквата во тенџере на оган со 1 литар вода и гответе се додека компирот не омекне.

Изцедете ги сварените компир и тиква и испасирајте ги во блендер. Вратете ја смесата во водата во која се вареа претходно и гответе уште 10тина минути, па тргнете го тенџерето од оган и посолете и додадете ситно сецкан магдонос.

Разматете ја павлаката со малку вода па додадете ја во чорбата и промешајте. Сипете од чорбата во чинија за сервирање. Од преостанатото парче тиква со лажица за сладолед издлабете четири топки кои ќе ги ставите во средина на чинијата. Добар апетит!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma