Колачиња со чоколадни трошки и нутела

popara7 декември, 20111min00
cokolani so dvojno cokolado

Потребни состоји:

200 гр. брашно

150 гр. шеќер

50 гр. какао

1 прашок за печиво

4 лажици нутела

¼ лажичка сол

50 мл. масло за јадење

1 лажица екстракт од ванила

1 јајце

200 гр. чоколадни топчиња или чоколадни трошки

Припрема:

Во посебен сад ставете го брашното, шеќерот, какаото, прашокот за печиво, нутелата и солта и изматете со жица. Во друг сад ставете 250 мл. вода, па додадете го екстрактот од ванила, маслото за јадење и јајцето и изматете. Додадете ја смесата со брашно во смесата со вода и изматете со жица за матење се додека смесата не се хомогенизира.

Земете 12 калаши за мафини и намрсете ги со масло за јадење. Распоредете ја претходно подготвената смеса во калапите. Врз секое колаче наросете чоколадни топчиња или чоколадни трошки.

Печете ги колачињата во загреана рерна на 160 степени целзиусови околу 15 минути, па оставете ги да се изладат околу 10тина минути пред да ги послужите. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma