Вкусна пита со спанаќ и гауда

popara8 декември, 20111min00
pita so spanak

Потребни состојки:

6 лажици путер

2 лажици млеко

¼ лажичка сол

1 жолчка

250 гр. брашно

1 врзоп млад кромид

½ килограм спанаќ

250 мл. млеко

100 гр. гауда

Рендано морско оревче

3 јајца

Масло за јадење

Сол и црн пипер

Припрема:

Во посебен сад ставете го путерот и матете со миксер додека не се стане пенест. Додадете ги 2те лажици млеко, ¼ лажичка сол и жолчката и матете се додека смесата не се соедини. Додадете го брашното и промешајте. Ставете го тестото да се излади околу 1 час.

Од приготвеното тесто со сукало развлечете кора со дијаметар од 40 сантиметри, па ставете ја во кружна тава за печење намрсена со путер. Печете во загреана рерна на температура од 180 степени околу 30тина минути.

Во меѓувреме, во тавче загрејте масло за јадење, па додадете го ситно сецканиот кромид и оставете го да се пропржи. Спанаќот измијте го во неколку води, исцедете го па додадете го во тавчето.

Во посебен сад ставете го млекото, гаудата, ренданото морско оревче, јајцата и наросете сол и црн пипер. Во садот додајте ги пржениот кромид и спанаќ и мешате се додека не добиете хомогена смеса. Рамномерно распоредете ја смесата врз претходно испечената кора, вратете ја тавата во рерна и печете уште 30 минути.

Исечете ја тортата на 10 парчиња и ставете ги на чинија за сервирање. По желба сервирајте со топка кисела павлака. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag