Чоколадни колачиња за душа

popara9 декември, 20111min00
cokoladni kolacinja

Потребни состојки:

250 гр. путер

250 гр. шеќер

200 гр. какао

1 лажица екстракт од ванила

100 гр. чоколадо за готвење

200 гр. брашно

2 јајца

Припрема:

Во тавче на оган растопете го путерот и оставете го на умерен оган околу 5 минути. Потоа тргнете го тавчето од оган и веднаш додадете го шеќерот, какаото,  ренданото чоколадо, 2 лажици вода и екстрактот од ванила и мешајте се додека смесата не се соедини, па оставете да се излади околу 5 минути.

Во посебен сад разматете ги јајцата, па додајте ги во садот со претходно подготвената смеса заедно со брашното и мешајте се додека смесата не се соедини.

Ставете ја смесата во намрсена тава за печење и печете 30тина минути на температура од 180 степени. Со чепкалка проверете дали колачињата се испечени (чепкалката притиснете ја во колачите, а доколку смесата не се залепи за чепкалката, може да ги извадите од рерна, ако не оставете ги да се допечат).

Кога ќе бидат готови, исечете колачиња во правоаголна или коцкаста форма. Послужете ги колачињата со млеко. Добар апетит!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma