Потребни состојки:
6 јајца
15 лажици шеќер +400 гр. шеќер
15 лажици брашно
3 лажици какао
3 лажици масло за јадење
1 прашок за печиво
500 мл. млеко
250 гр. путер
250 гр. шеќер во прав
1 ванилин шеќер
50 гр. чоколадо
Припрема:
Изматете ги јајцата со 6 лажици шеќер, додајте 6 лажици брашно, какаото, маслото за јаење и прашокот за печиво. Матете со миксер се додека смесата не се соедини. Ставете ја смесата во тава во која претходно сте ставиле хартија за печење и печете 30тина минути на температура од 200 степени целзиусови (со чепкалка проверете кога пандишпанот е готов). Оставете да се излади.
Во тенџере на оган зовријте 1 литар вода со 400 гр. шеќер. Кога шеќерот ќе се растопи, со смесата полијте го изладениот пандишпан.
Во тенџере зовријте го млекото, па додадете 9 лажици шеќер и 9 лажици брашно. Оставете да се излади. Изматете го путерот со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер, па додајте ја смесата со млеко и шеќер и матете се додека филот не се соедини.
Со филот премачкајте го пандишпанот, па прелијте го со растопената чоколада. Ледените коцки оставете ги да се изладат во фрижидер пред послужување. Добар апетит!