Потребни состојки:
250 гр. шеќер
200 гр. шеќер во прав
¼ лажичка сол
1 лажичка цимет
1 кг. боровници
1 лажица путер
2 јајца
30 мл. вотка
50 мл. вода
250 гр. путер
300 гр. брашно
1 прашок за печиво
Припрема:
Во посебен сад изматете го брашното, 250 гр. путер, јајцата, солта, прашокот за печиво и шеќерот. Измесете го тестото и од него со сукалка направете кора со дебелина од околу 7 мм. Ставете ја кружната тава за печење врз кората за да обележите до каде треба да исечете.
Исечете ја кората и ставете ја во намрсената тава за печење. Од останатото тесто исечете ленти за украсување.
Во посебен сад измешајте го шеќерот во прав, циметот, 1 лажица путер, боровницата и вотката. Смесата рамномерно распоредете ја врз кората, а одозгора хоризонтално и вертикално наредете ги лентите за декорација.
Печете на температура од 220 степени целзиусови околу 20тина минути, односно се додека тестото не добие златно румена боја. Добар апетит!