Потребни состојки:
200 гр. говедско пушено месо
1 жолта пиперка
1 црвена пиперка
1 марула
100 гр. сирење
1 домат
1 краставица
2 млади кромитчиња
½ зелка
Масло за јадење
Сол и црн пипер
Припрема:
Пушеното говедско месо исечете го на парчиња со дебелина од 5 мм. Добро измијте го зеленчукот.
Марулата и зелката исечете ги накрупни парчиња. Краставицата исечете ја на дијагонални парчиња, доматите на коцки и пиперките на ленти.Кромидчето исечете го на тенки ленти.
Во сад ставете го зеленчукот, посолете и наросете црн пипер и додадете маслиново масло. Промешајте.
Во чинија за сервирање ставете ја најпрво салатата, а потоа додадете ги парчињата говедско месо. Одозгора додадете го сирењето кое сте го искршиле на ситни парчиња. Добар апетит!