Потребни состојки:
250 гр. брашно
125 гр. кафеав шеќер
1 јајце
1 лажичка цимет
5 капки екстракт од цимет
1 прашок за пециво
100 гр. путер
50 гр. мелени бадеми
Малку сол
Припрема:
Во посебен сад ставете го брашното, шеќерот, мелените бадеми, прашокот за пециво и циметот. Растопете го путерот и додајте го екстрактот од цимет па матете со миксер. Потоа додајте го јајцето, изматете со миксер, додајте ја смесата со брашно и солта, па со рака измесете ги состојките за да добиете меко тесто.
Направете цилиндар од тестото со дебелина од околу пет сантиметри. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да отстои преку ноќ во фрижидер. Утредента извадете го од фрижидер, отстранете ја фолијата и исечете колачиња со дебелина од пет милиметри или еден сантиметар.
Во тавата за печење ставете хартија за печење и печете во загреана рерна на температура од 180 степени целзиусови околу 15 минути, па оставете ги колачињата да се изладат. Добар апетит!