Потребни состојки:
4 парчиња сладок колач по желба
1 банана
4 лажици карамела
4 лажици суво грозје
3 јајца
3 лажици шеќер
200 мл. слатка павлака
250 мл. млеко
1 лажица екстракт од ванила
1 лажица рум
Припрема:
Во посебен сад ставете ги јајцата, шеќерот, млекото, слатката павлака, румот и екстрактот од ванила и матете се додека не добиете хомогена смеса.
Во огноотпорни мали садови почнете да го составувате пуднигот. Прво наредете кругови од банана, па суво грозје, па едно парче колач, па повторете ја постапката уште еднаш. Одозгора прелијте со смесата со јајца и млеко.
Печете во загреана рерна на 170 степени околу 20 минути, се додека врвот на пудингот не се испече. Извадете ги садовите со пудинг од рерната, оставете да се изладат, па посипете ги со шеќер во прав или ванила во прав, декорирајте по желба и послужете. Добар апетит!