Потребни состојки:
1 конзерва кајсии од 850 мл.
200 гр. хопла
200 гр. шеќер
5 јајца
250 гр. брашно
1 лажичка густин
125 гр. путер
500 гр. млеко
Кора од 1 лимон
Малку сол
Припрема:
Во посебен сад ставете го брашното, додадете малку сол и 100 гр. шеќер. Направете дупка во средина на брашното и додајте го исецканиот маргарин, едно јајце, 3 лажици млака вода и замесете го тестото.
Откако добро ќе го измесите тестото, ставете го во фолија и оставете го да отстои во фрижидер 30тина минути.
Исцедете ги кајсиите. Изматете го млекото со 100 гр. шеќер, малку сол, хопла, густин, 4 јајца и кора од лимон.
Со сукалка развлечете го тестото во кора откако претходно сте го ставиле помеѓу две проѕирни фолии. Кората ставете ја врз намрсена тава за печење и отсечете го вишокот. Врз кората ставете ја смесата од млеко, па одозгора наредете ги кајсиите. Печете во загреана рерна на температура од 180 степени околу 40тина минути. Добар апетит!