Тирамису парфе со Бејлис

popara18 јануари, 20121min00
bejlis

Потребни состојки:

450 гр. маскарпоне

4 лажици Бејлис

24 пишкоти

100 гр. шеќер

1 шоља турско кафе

3 дл. слатка павлака

1 лажица екстракт од ванила

100 гр. чоколадо во прав

Пропрема:

Измешајте го маскарпоне сирењето, Бејлисот и шеќерот. Изматете ја павлаката во посебен сад со миксер, па во садот додадете ја претходно подготвеата смеса.

Земете шест садови за десерт. Во посебен сад направете смеса од екстракт од ванила и 4 лажици кафе. Во секој сад искршете по две пишкоти и попрскајте ја со смесата.

Потоа врз пишкотите ставете слој од филот со павлака, па попрскајте со чоколада во прав. Потоа повторно ставете две искршени пишкоти, полијте ги со кафето, па ставете слој од гилот.

Покријте го секој сад со пластична фолија и оставете ги да отстојат минимум осум часа во фрижидер. Извадете го тирамисуто од фрижидер минимум половина час пред послужување. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma