Американска пита со моркови

popara10 февруари, 20121min00
Chicken pot pie

Потребни состојки:

За тесто:

200 гр. брашно

125 гр. маргарин

1 лажичка сол

1 дл. вода

За фил:

200 гр. рендан кашкавал

1кг. моркови

100 гр. павлака

200 гр. пилешко месо

Рендано морско оревче

2 јајца

Сол и црн пипер

Припрема:

Изматете го маргаринот, па додадете го брашното, солта и водата и замесете тесто. Од тестото развлечете 2 кори. Едната кора ставете ја во тава за пита која претходно сте ја намрсиле со масло за јадење.

Измијте и излупете ги морковите, па исецкајте ги на коцки и сварете ги во солена вода. Потоа исцедете ги. Сварете го и пилешкото месо исецкано на коцки. Во посебен сад ставете ги морковите, изматените јајца, ренданиот кашкавал и киселата павлака и пилешкото месо, зачинете со сол и црн пипер и промешајте ја смесата.

Филот ставете го врз тестото во тавата, па прекријте го во втората кора. Печете во загреана рерна на температура од 220 степени окол 40 минути. Добар апетит!