Потребни состојки:
4 батаци со карабатаци
4 главици кромид
1 кисела павлака
2 чаши бело вино
Сол и црн пипер
1 лажица вегета
1 лажица оригано
Масло за јадење
Припрема:
Испржете ги батаците на загреано масло, па додадете го ситно исецканиот кромид, наросете црн пипер и сол и додадете ја вегетата и ориганото.
Пропржете се додека месото не биде добро испржено, па додадете го белото вино и павлаката и промешајте. Гответе уште 10тина минути на средна температура. Добар апетит!