Состојки:
- Пилешки гради
- Соја сос
- Сол
- Бибер
- Ким
- Рузмарин
- Оцет
- Ориз
- Кромид
- Морков
Подготовка:
Пилешките гради се сечат на парчиња со големина на стапчиња. Посолете, додадете соја сос и оставете да се маринираат неколку часа. За маринирање може да се употреби кеса за замрзнување во која се става месото и зачините, се врзува и се истиснува воздухот. На овој начин, месото од сите страни е опфатено со маринадата и потребно е само повремено да се исгмечи без да ја отварате кесата. Маринираното месо пропржете го во многу загреано масло.
Прилог 1:
Морковите исечете ги на ленти и пропржете ги. Потоа додадете го исецканиот кромид. Кога е половина испржено, додадете соја сос по вкус, но не претерувајте, бидејќи не треба да биде течно. Додадете бибер, посолете и уште малку пржете.
Прилог 2:
Во поголемо тенџере ставете вода, малку масло, неколку лажички оцет, ким и ризмарин. Кога ќе почне да врие, додадете ориз (една чаша по лице) и варете се додека не биде готово. Оризот не треба да се превари.
Месото сервирајте го со пржен зеленчук, ориз и соја сос. За да изгледа декоративно, оризот моѓе да се стави во подмачкана чаша и да се преврти на послужавник.