Состојки:
- 200 грама Шеќер во прав
- 200 грама Чоколадо за готвење
- 250 грама Маргарин
- 500 грама Блага павлака
Подготовка:
Маргаринот и шеќерот изматете ги пенесто. Чоколадото истопете го на ниска температура, оставете го да се олади, па додадете го во изматениот маргарин. Убаво измешајте. Посебно изметете ја слатката павлака, па и неа додадете ја во чоколадната смеса. Сè лесно измешајте со лажица и смесата истурете ја во правоаголен калап за колачи намачкан со тенок слој маргарин. Оставете парфето убаво да се излади. Потоа превртете го на чинија, исечете на парчиња и послужете. Може како прилог да украсите со матена слатка павлака.