Cupcakes со чоколадо

popara4 март, 20121min00
cokoladni kapkejks

Потребни состојки:

90 гр. какао

170 гр. врела вода

370 гр. брашно

1 прашок за пециво

1 лажичка сода бикарбона

1 лажичка сол

350 гр. шеќер

4 јајца

50 гр. маргарин

200 гр. кисела павлака

500 гр. слатка павлака

250 гр. чоколадо за готвење.

Припрема:

Ставете го магаринот и шеќерот да се растопат на пареа, па откако смесата ќе се растопи тргнете ја од оган и изматете ја со миксер, па оставете ја да се излади 5 минути. Потоа едно по едно додадете ги јајцата, какаото изматено во врела вода и брашното, прашокот за пециво, солта и сода бикарбоната. Изматете за да добиете хомогена смеса. На крај додадете ја киселата павлака и повторно промешајте.

Со смесата наполнете ги обложените калапи за мафини, ама наполнете само ¾ од калапот. Печете на температура од 180 степени околу 20 минути, па оставете ги мафините да се изладат.

Загрејте ја малку слатката павлака. Во посебен сад на пареа ставете го чоколадото, па додадете ја загреаната павлака и матете се додека смесата не се истопи. Оставете ја смесата да се излади неколку часа во фрижидер. Со изладениот шлаг украсете ги мафините. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag