Потребни состојки:
1 јајце
4 жолчки
100 гр. шеќер
150 мл. сок од лимон
300 мл. павлака
За декорација
100 мл. вода
2 лимона
150 гр. шеќер
Припрема:
Јајцето, жолчките, шеќерот и сокот од лимон изматете ги со миксер.
Растопете го путерот и оставете го да зоврие, додадете ја изматената смеса, па гответе неколку минути и потоа веднаш процедете и оставете да се излади.
Слатката павлака изматете ја во шлаг и додадете ја во изладената крема од лимон крема. Кремата ставете ја во помали калапи обложени зо хартија за печење и ставете ги во замрзнувач да отстојат неколку часа.
Излупете го лимунот и кората сечете ја на тенки ленти. Прелијте ја со врела вода и оставете ја да отстои околу 30 минути. Водата од стоениот лимон загрејте ја, па додадете го шеќерот и растопете ја смесата. На крај додадете ја кората од лимон и гответе околу 10 минути. Оставете ја смесата да се излади.
На чинија за сервирање сервирајте го изладениот semifreddo, па декорирајте со сирупот од кора од лимон. Добар апетит!