Потребни состојки:
1 ќесичка пудинг од чоколадо
1 ќесичка пудинг од ванила
1 литар млеко
Чоколадни топчиња
Жолта прехрамбена боја
Портокалова прехрамбена боја
Гумени бомбончиња за украсување
Шлаг
Припрема:
Подгответе ги пудинзите според упатството од кесичката. Поделете го пудингот од ванила на два дела. Во едниот дел додадете жолта прехрамбена боја, а во другиот портокалова и пормешајте.
Земете четири чаши. На дното на секоја чаша ставете чоколадни топчиња, па жолт пудинг, па шлаг, па чоколаден пудинг, па портокалов пудинг, па чоколадни топчиња, па шлаг. Украсете со гумени бомбони по желба.
Ставете го парфето во фрижидер да се излади околу еден час, па послужете. Добар апетит!