Потребни шамињони:
- 500гр шампињони
- варено бело месо и зеленчук (2 моркова, парче целер, пашканат)
- 1 лимон
- пола чаша кисела павлака
- магданос
- 500гр томато сос
- 100гр шунка или пршута
- зачини
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
На свежи исчистени шампињони, им се отсекуваат рачките. Во лонец да се стави повеќе вода, исецкан лимон и се остава да поврие. Наместо лимон може и алкохолен оцет. Да се варат во вода две – три минути потоа се цедат на салфета, да се остават да се оладат.
1 начин:
Ситно да се исецкаат, вареното бело месо и супата од зеленчукот, да се посолат, да се додаде чаша кисела павлака и лесно да се измеша. Да се полнат избелените капи. Се служат посипани со свеж магдонос.
2 начин:
Да се излуштат и исецкаат 500 гр домати, да се додаде лажичка шеќер, зачини по избор (оригано, мајоран, босилек, мајчина душица). Да се пропржи зачинетиот домат со малку маслинов зејтин. Се додава 100 грама ситно сецкана шунка, во сосот од домат и со смесата се полнат печурките.