Потребни состојки:
- 4 – средни компири за печење
- 1 лажица путер или маргарин
- ¼ шољичка млеко
- ½ лажичка лук во прав
- ¼ лажичка пипер
- Сол
- Нарендан кашкавал
Начин на подготовка:
Измијте го компирот од нечистотија. Замотајте го во фолија и ставете го во рерна. Печете на200ц. околу 1 час. Ако забодете чепкалка и помине преку цел компир, тогаш е печен.
Кога се изпечени, ги вадите компирите од рерната и од фолијата, па ги сечете на пола. Со лажица, издлабете ја средината од компирот и ставете ги на здела.
Раздробете го компирот и измешајте го со маргарин, да настане мека смеса. Додадете млеко и мешајте. Додадете ги останатите состојки од кашкавал и промешајте.
Со лажица ставете ја смесата од компирот во кругчињата со лушпа. Ставете ли на тава за печење и посипете ги со кашкавал. Ставете ги во рерна и печете ги на 175ц., околу 20-30 мин.
Пријатен апетит….