Пикантни пилешки крилца со кромид и мед

popara1 мај, 20121min00
Pileca krilca

Овој рецепт не е вообичаен и не се работи за обични крилца кој секојдневно се на нашата трпеза… Ова се крилца, специјалитет за посебни прилики.

Доколку сакате интересни комбинации и вкусови, ако не ви смета некое солено јадење да биде слатко, еве рецепт за вас…

Состојки:

  • 1 и 1/2 кг. Пилешки крилца
  • 5-6 мали главици кромид.
  • 2 – полни лажици мед
  • 50 мл. Рум.
  • 2 – чешниња лук
  • Оригано
  • Чили
  • Бибер, сол
  • Маслинов зејтин
  • 1 и пол. Лажичка толчена пиперка
  • 1 лажичка кафеав шеќер
  • Вегета по желба
  • 2 – кесички за печење

Начин на одготовка:

 

Измијте, исчисете и  подгответе ги крилцата, распоредете ги во длабок сад.

Кромидот исецкајте го на четвртинки и додадете го во садот со крилцата.

Додадете рум, мед, бел лук сечен на листови, оригано, чили, бибер, сол, маслинов зејтин, толчена пиперка и смеѓиот шеќер, добро промешајте и оставете ги да отстојат пола час пред печењето или преку ноќ за утрешниот ден, за да се спојат и врзат зачините….

Загрејте ја рерната на 200ц.

Поредете ги крилцата рамномерно во 2 кеси…Посипете ги месата со крупен зеленчук од вегетата, прелијте со остатокот од маринадата, потоа добро затворете ги кесите.

Се пече 45мин, потоа отворете ги кесите…

Печете уште 15мин, са да се запечат убаво крилцата.

Се служи топло со прелив од јогурт и лук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag