Потребни состојки:
- 500гр – мелено јунешко
- 1 шоља ориз
- 2 главици кромид
- 2лажици маслиново масло
- Малку метвица
- ½ лажичка цимет
- 6 поголеми домати
- ½ шољичка фета сирење
- Малку кашкавал
- По желба сол и пипер
Доматите не се само за салата и сосови. Можат да се задлабат и да се наполнат со разноврстни смеси, како и да се запечат во рерна. Ви предлагаме да ја направите следнава смеса и сигурно ќе добите вкусно и интересно јадење…
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200ц. Во лонец сварете го оризот.
Во меѓувреме во тавата загрејте масло на средна температура една минута. Додајте го кромидот и пропржете 10 – 12 мин, за да омекнат. Додадете го меленото месо, метвица, цимет и ¼ чајна лажичка сол и свежо мелен црн бибер. Варете 5 до 6 минути додека говедското не ја изгуби својата розевка боја и повремено мешајте… Додадете ја и метвицата.
Додека се вари меленото месо преполовете ги доматите. Извадете ги месото и зеленчукот.Вишокот од издлабените домати подгответе ги за подоцнежна употреба, а еден дел помешајте го со оризот, фетата и со динстаното говедско. Добро промешајте за да се добие единствена смеса.