Чоколадна торта без брашно

popara8 мај, 20121min01
торта

Состојки за 12 порции:

 За тесто:

 

  • 350гр. – исецкано чоколадо за готвење.
  • 175гр. – путер, исецкан на 6 делови.
  • 5 поголеми јајца.
  • 1 шоља шеќер.
  • 2 кес.ванилин шеќер.
  • ¼ лажичка сол.
  • ¼ шоља – какао во прав.

За глазура:

 

  • 115гр. Чоколадо за готвење.
  • 40гр. Путер

Начин на подготовка:

 Тесто:

Премачкајте со зејтин , округол калап за колачи со печник околу 22см и загрејте ја рерната на 150ц.

На пареа стопете ги чоколадото и путерот и соединете ги.

Во чинија со миксер заматете јајца, шеќер, ванила, сол и 2 лажици топла вода.

Миксирајте на средна брзина додека смесата не стане светла и не се згусне дупло.(миксирајте околу 2 мин.).

Намалете ја брзината и додадете ја чоколадната смеса.

Појачајте ја брзината и миксирајте 30сек.

Потоа додадете го какаото и миксирајте уште 30 сек.

Налејте ја смесата во калапот и печете 40 – 45 мин.

Со чечкалица проверете дали е готово тестото, ако е мокра со неколку трошки тогаш е готово тестото.

Оставете го на страна да се олади, 30 мин.

Со метална шпакла одвојте ја тортата од плехот и ставете ја на метална решетка да се олади потполно.

Префрлете на тањир, покријте и оставете, на барем 6 часа во фрижидер.

Глазура:

Стопете го чоколадото и путерот на пареа.

Замешајте и прелијте преку ладната торта.

Распоредете го со шпакла.

Оставете во фрижидер на 20 – 40 мин.додека да се стврдне чоколадото.

При служење ставете ја тортата на собна температура барем 20мин.

Пријатен апетит…

One comment

  • caci

    9 мај, 2012 at 17:44

    super e,se topi vo usta:))))))))

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag