Потребни состојки:
- 150гр Путер
- 125гр Шеќер во прав
- Ванилин шеќер
- 3 жолчки
- 50 сецкани бадеми
- 125мл.слатка павлака
- Готова кора за торта
- Лажичка какао
Начин на подготовка:
Изматете го пенасто путерот, постепено додавајте му го шеќерот и ванилиниот шеќер. Во изедначената смеса додавајте една по една жолчка, потоа бадемите и слатката павлака. Готовата кора за торта поделете ја на 2 дела. Првиот дел ставете го на тава, премачкајте го со филот , преку него ставете друга кора, а потоа остатокот од филот. Тортата посипете ја со какао.