Потребни состојки:
- 8оогр Мелено свинско месо.
- 1 поголема главица кромид
- 1 јајце
- Средина од две кришки од леб
- Свеж магданос
- Сол
- Бибер
За прелив:
- 8 варени јајца
За поховање:
2 јајца.
- Брашно
- Презла
Начин на подготовка:
- Се сечка кромидот на ситно, и се пропржува на зејтин додека да омекне.
Се меша со месото и останатите состојки и се размешува добро.
- Поделете ја смесата на 8 дела. Со рака истенчете го секој дел и во него ставете по 1 јајце. Преклопете го со смеса од месо и со рака формирајте топки.
- Топките валкајте ги во брашно, па потоа во јајца, во презла и пржете на средна температура да поруменат од сите страни.