Потребни состојки:
За тесто:
- 2 јајца
- 100гр. Шеќер
- 60 мл. зејтин
- 60мл. Сок од портокал
- 125гр. Брашно
- 2 рамни лажички прашак за пециво
За фил:
- 4 листови желатин
- 125 мл. Вотка
- 100гр. Шеќер
- 1 – пудинг од ванила
- 300 мл. Млеко или сок од портокал
- 200мл. Слатка павлака
- 2 портокали исецкани на коцки
За гарнир:
- Рендано бело чоколадо
Начин на подготовка:
Измешајте ги јајцата и шеќерот , зејтинот , сокот и изматете ги со миксер, додадете го брашното и прашакот за пециво и испечете кора. Откако ќе се олади, исечете ја на 3 дела. Направете желатин по упатството на пакувањето. Измешајте вотка со прашакот за пудинг и шеќерот. Ставете млеко или сок да се свари, измешајте ја смесата со прашакот за пудинг и мешајте додека се вари. Желатинот исцедете го и со мешање растопете го врелиот пудинг. Кога ќе се излади , додадете ја изматената слатка павлака. Редете ја кората наизменично, потоа филот од портокал.
Украсете со изрендано бело чоколадо.