Мисиркино месо на ражен

popara31 мај, 20121min00
рецепт

Потребни состојки:

  • 500гр. мисиркино месо исечено на коцки
  • 1 – чешне лук
  • ½ китка мајоран
  • 200мл. Бело вино
  • 2 лаж. сенф
  • Сол
  • Бибер
  • 2 пиперки(црвена и жолта)
  • 1 главица црн кромид
  • 2 тиквици
  • 2 лажици зејтин

 

Начин на подготовка:

  1. Лукот да се исецка. Да се измие мајоранот и ситно да се исецка. Двете состојки треба да се спојат и да се соединат со вино и сенф, да се посолат и побиберат. Да се маринира месото во смесата околу 3 часа, во фрижидер.
  2. Да се измијат пиперките. Лукот да се исчисти и да се исецка на четвртинки. Тиквиците да исецкаат на кругчиња.
  3. Да се извади ќуречкото од маринадата, да се исцеди и да се направат ражничите: на секое стапче да се наредат наизменично – месото, пиперката , кромидот. Да се загрее зејтин во поголем сад и да се пржат ражничите со наизменично вртење, околу 16 мин. Да се извадат ражничите од тавата и да се сервираат по желба. Да се украсат со зачини.

Совет:

Ражничите во текот на пржењето, треба да се преливаат со зејтин – така ќе бидат покрцкави однадвор, а посочни од внатре. Покрај тоа, зејтинот помага да се ослободат сите ароми на јадењето.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *