Потребни состојки:
За тесто:
Пола квасец
2 дл. Млеко.
1дл. Зејтин.
Лажичка шеќер.
1 лажички сол.
2 јајца.
3 лажици павлака.
100гр. пченичен гриз.
800гр. пченично брашно.
За фил:
200гр. шункова салама.
2 лажици павлака.
100гр. маринирани шампињони.
Оригано, босилек, кечап по желба.
За посипување:
сусам
Начин на подготовка:
Во млако млеко, се става малку шеќер и квасец да надојде.
Се додаваат останатите состојки и се меси меко тесто кое не се лепи.
Треба да биде меко. За време додека ја припремате питата, вклучете ја рерната на 200 Ц да се загрее. Тестото не се кисне, туку само се остава додека го подговувате плехот и филот. Во тоа време кисне тестото. Се користи поголем плех и добро се мачка дното и страничниот дел.
Подготовка на тестото:
Се меси со сукало првата кора во малку поголема димензија од плехот и се става на тавата. Вишокот од тесто се прилепува од странаа на тепсијата. Се растопува маргарин и се помешува со јајце а со тоа се премачкува кората. Преку се става направена смеса од шунка , павлака, кечап, оригано, босилек и маринирани шампињони. Се размесува и друго тесто, се става смесата и добро се притиска горната кора за да не се раздвојува од филот при печењето. На врвот питата премачкајте ја со останатата смеса од маргарин и јајца и се посипува со сусам. Се пече на загреана рерна иколу 30 мин. на 200Ц. Со чечкалица се проверува дали се слоевите печени и се пече питата за да добие блага румена боја. Готовата пита се вади од рерната и се прекрива со кујнска крпа…
Пријатен апетит…