Потребни состојки:
3 – помали главици зелена салата
1 китка ротквици
1 црвен кромид
1 китка рукола
4 домати
½ лаж. сенф.
2 лажици оцет.
Сол, бибер.
4 лажици ореово масло.
2 лажици сецкан магданос.
Начин на подготовка:
1 .Салата измијте ја , исушете ја и искинете ја.
2. Кромидот и ротквиците исечете ги на парчиња а доматот на кришки.
3. За прелив измешајте, сенф, оцет, лажица вода, малку сол и бибер. Додадете зејтин и магданос. Измешајте ја во чинијата зелена салата, кромидот, ротквиците и доматите и прелијте ги зејтинот и додатоците врз салатата.