Потребни состојки:
- 350 гр. спанаќ
- 5 јајца
- 100гр. брашн
- 2лаж. густин
- 2 чена бел лук
- 150 гр. шункова салама
- Малку путер, сол, бибер
Начин на подготовка:
Измијте го добро спанаќот, процедете го и исушете го на крпа, па исецкајте го на тенки ленти. Измешајте, брашно и густин, а лукот ситно сецкајте го. Одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги со малку сол, и изматете цврст шлаг. Во жолчките додадете го лукот , сол, бибер, брашно, густин, и на крајот, наизменично додавајте ги траките од спанаќ и изматените белки.
Рерната загрејте ја на 160Ц. Обложете ја тавата со хартија за печење, премачкајте ја со парче путер и на тоа претурете ја смесата и печете 18 мин. На испеченото тесто ставете ја шунката , па полека замотајте го во ролат. Кога ќе се олади ролатот исечете го на кришки со дебелина од 1,5см. и послужете.