Потребни состојки:
- 5 јајца
- 125 гр шеќер
- 125 гр брашно
- 50гр рендано чоколадо
- 50гр мармалад од кајсии
- 100гр чоколадо за глазура
- 2 лажици масло
Начин на подготвување:
Изматете ги белките со шеќер, додадете ги жолчките и лесно изматете со брашното и ренданото чоколадо. Сипете во калап за торта и печете 20 минути на 200С. Извадете и оладете, па оладеното тесто пресечете го еднаш хоризонтално и премачкајте со мармалад внатре и по рабовите, и прелијте со глазура од чоколадо, растопено на пареа со масло.
Напомена:
При подготвување на бисквит тестото обично посебно се матат жолчките и шеќер, па во смесата внимателно се додаваат брашното и другите состојки, а на крајот цврсто изматениот снег од белки. Бисквит тестото може а и немора да содржи прашок за пециво, бидејќи добро изматените белки сами по себе се сунгерасти и лесни.