Потребни состојки:
- 1/2 кг пилешки гради
- 60 грама пченкарен скроб
- 1 парче зелена пиперка
- 4 парчиња ананас
- 1 главица кромид
- 3 лажичка оцет
- 4 лажички кечап
- 4 лажички шекер
- 5 лажички вода
- 2 лажички пченкарен скроб
- 1/2 лажичка масло од сусам
- 4 шољи сончогледово масло
Начин на подготовка:
Исецкајте го пилешкото на еднакви коцки, го мешате со пченкарно брашно
Загрејте ја тавата со масло за пржење на 200 С, а потоа се ставаат коцките пилешко да се запржат. Откако ќе добијат румена боја се вадат на цедилка или на салфетка за да се исцеди маслото од нив .
Пиперката, кромидот и ананасот се сечат на коцки со слична големина како и пелешкото .
Во тавата каде претходно се пржеше пилешкото додадете ги пиперката , кромидот и ананасот ( се препржува околу 30-60 секунди ) , потоа се прелива со сос кој се приготвува (оцет+шекер+кечап и масло од сусам )
Се промешува се заедно околу 1 мин , потоа се додава пилешкото и се заедно се пржи неколку минути (3-4)
една минута пред да завршите додавате претходно спремено ( вода 5 лажилки со две лажички пленкарно брашно) .
Се заедно мешате уште една минута , и потоа послужете со рижото.